ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

“Граѓански Буџет“ претставува основна алатка за унапредување на транспарентноста и отчетноста на општината. Преку него ќе бидат објаснети приходите и расходите на општината во текот на годината, процесот на донесување на Буџетот и проектните активности кои треба да се реализираат во текот на годината. Целта на подготовката на Граѓанскиот буџет  е да обезбеди поголема информираност на граѓаните за буџетот на општината на полесен и достапен начин.

Доколку некој дел од постапката за користење на апликацијата ви е нејасен, пишете ни на gragjanskibudzet@metamorphosis.org.mk

Не, не мора да ги користите сите ставки и полиња што ги дава апликацијата. Може да направите граѓански буџет според вашиот терк, користејќи ги само полињата што вие сметате дека се потребни.

Секоја општина може бесплатно да ја користи алатката Граѓански Буџет за да креира свои граѓански буџети. Доколку сте вработени во некоја општина, се што треба да направите е да се регистрирате во име на Вашата општина, со пополнување на формата за регистрација. По регистрирањето, ќе го верифицираме Вашиот идентитет, и општината ќе има своја корисничка сметка на „Граѓански Буџет“!