КОИ СМЕ НИЕ

Со платформата раководи Фондацијата Метаморфозис. Метаморфозис е независна, непартиска и непрофитна фондација со седиште во Скопје, Република Македонија. Мисијата на Метаморфозис е да придонесе за развој на демократијата и подобрување на квалитетот на живеење преку иновативна примена и ширење на знаењето. Наши главни вредности се отвореност, еднаквост и слобода. Метаморфозис започна со работа во 1999 година како дел од програмата за електронско издаваштво на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија. Во 2004 година стана посебен правен субјект.

МИСИЈА

Фондацијата ја зајакнува свесноста и капацитетот на граѓаните и граѓанското општество за тие да ја преземат најдобрата можна улога како активисти за демократија, поддржувајќи ја власта да ја исполни нејзината демократска улога- да работи во служба на општеството.

ВИЗИЈА

Фондацијата Метаморфозис предвидува општество во кое ангажираните и свесни граѓани активно се служат со иновативни алатки за остварување на своите граѓански права и одговорности, општество во кое тие се претпазливи во однос на влијанието и барањето одговорност од властите, притоа обезбедувајќи демократско, одговорно и подготвено владеење.